Култхард: Ерата на Верстапен можеби ќе заврши по две титули

Дејвид Култхард не верува дека втората титула на Макс Верстапен во исто толку години го најавува почетокот на ерата на Верстапен со оглед на предизвиците со кои Ред Бул се соочува следната сезона.

Верстапен успешно ја одбрани својата светска титула оваа година, следејќи ја тензичната битка во 2021 година со релативно лесен пат до титулата во 2022 година, при што возачот победи на 15 од 22 трки.

По краткотрајниот предизвик од Ферари на почетокот на сезоната, Верстапен со својот Ред Бул нанижа серија од пет победи во низа кон средината на сезоната и се осигура дека ја завршил својата работа.

Титулата ја освои во Јапонија, на четири трки до крајот, додека две недели подоцна Ред Бул ја освои титулата кај конструкторите за нивната прва двојна титула од 2013 година.

Следната година, сепак, се очекува тие да се соочат со поголем предизвик од Мерцедес кој направи голем напредок во вториот дел од сезоната, додека Ферари под новото раководство се очекува да научи од грешките во 2022 година.

Дополнително, Ред Бул исто така ќе заостанува кога станува збор за истражување и развој. Тимот беше казнет со намалување од 10 проценти на користење на воздушниот тунел и CFD, откако беа прогласени за виновни за прекршување на минатогодишниот буџетски лимит.

Тимот од Милтон Кинс ќе има помалку време од кој било друг тим за аеродинамичко тестирање и откако ја освои титулата на конструкторите, нивните доделени 70 проценти сега се намалени на 63.

Во такво сценарио, Култхард вели дека можеби нема да успеат да дизајнираат болид кој ќе освои титула во годините што доаѓаат.

Ерата на Верстапен можеби е завршена по две титули.

Не затоа што не е брилијантен возач, но можеби нема да има болид за освојување титула во наредните сезони. Никој не го знае тоа однапред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ