Леклер очекувал многу повеќе од Португалија

Шарл Леклер смета дека можел да направи многу повеќе на Португалското Гранд При и покрај тоа што донесе нови поени и заврши на 6то место, 2 позиции напредок во однос на местото од кое стартуваше.

Возачот на Ферари ги опиша квалификациите како непостојани по разочарувачкото 8мо место, три позиции зад колегата Карлос Саинз. Но, на трка, моначанецот беше подобриот возач на екипата од Маранело, а Саинз прати прескапо за раното влегување во бокс и долга серија на медиум, по што заврши на 11то место, без поени.

Гумите беа мака и за Леклер, особено медиум компонентата на која возачот на Ферари стартуваше, по што остана разочаран од перформансите и резултатот.

разочаран сум и мислам дека одработв многу лошо денеска и направив лош избор. одлуката да минеме на хард беше добра, но медиумот од почетокот беа лоши за нас, само за нас, се мачевме и јас и карлос со таа компонента. јас возев со жолто маркирани гуми во првата серија, карлос во втората, многу се трошеа и тоа доста брзо. немам објаснување затоа што на хартија изгледаа како најдобар избор, но за нас не беше така.

поптоа, ако се погледне целиот викенд, јас како возач бев далеку од добар, без разлика дали тоа беа тренинзите, квалификациите или трката, не успевав да извадам се од болидот затоа што бев неконстантен. денеска бев подобар, но со старт од 8мо место и не можев повеќе. во однос на целиот викенд, очекував повеќе и требаше да бидам подобар.

со ветерот е зезнато цел викенд, особено со овие болиди, кочењето се менува и никогаш не најдов добра точка. на трка најдов ритам, но нетрпелив сум да се тркаме во понормални услови – посака шарл.

Возачите се едногласни дека со карактеристиките на автодромот крај Портимао, ветерот кој често се менува и асфалтот со мал грип, трката е вистински предизвик, но и покрај тоа, Леклер е охрабрен од подобреното издание на Скудерија годинава.

охрабрени сме сите во екипата. се мачевме многу лани, но годинава направивме голем чекор напред и треба да имаме на ум дека портимао е многу чудна патека. лани бевме многу побрзи овдека одошто на било која друга трка, но не знаевме зошто. да почекаме на барселона и да видиме до каде сме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ