Леклер: Ривалите очекуваат премногу од нас

Возачот на Ферари, Шарл Леклер ги обвини ривалите на Скудерија дека намерно ги креваат очекувањата и го ставаат италијанскиот тим на прво место за новата Формула 1 сезона, а според моначанецот, тоа им прави притисок. 

Луис Хамилтон пред медиумите изјави дека Ферари би имале шанса да освојат 1-2 победа доколку првата трка во Бахреин би била утре. Тој не е сам во мислењето бидејќи повеќето возачи веруваат дека Леклер и Саинз го имаат најдобриот болид оваа сезона. 

Но, Леклер бара од фановите на Ферари да бидат претпазливи околу изјавите што ги слушаат. 

Мислам дека сите покажуваат кон некој друг за да направат притисок врз другиот, но тоа ништо не значи, едноставно ќе мора да почекаме. Иако ова е нов проект, сигурен сум дека Ред Бул и Мерцедес, кои имаа силни сезони во минатото, ќе останат тимовите кои ќе треба да се победат. Тоа не е лошо и ние продолжуваме со работа.

Мислам дека Ред Бул ќе донесат надградба пред трката. Мерцедес имаат целосно нов болид и не може да сме релаксирани – посочи шарл.

Моначанецот советува Ферари да биде претпазлив. 

Мора да сме претпазливи бидејќи според времињата по круг, не знаеме кој што прави и до каде сме. Мерцедес и Ред Бул беа доста претпазливи. 

Ферари ја завршија сесијата на врвот со само девет тимови на патеката бидејќи Хаас добија дополнително време за да надоместат за пропуштеното и подоцна го извозеа најбрзиот круг на денот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ