Магнусен се пожали поради црно-портокаловото знаме

Кевин Магнусен остана фрустриран поради црно-портокаловото знаме кое му беше покажано во Сингапур сметајќи дека било целосно непотребно.

Тој имаше штета на крајниот дел од предното крило по контактот со Макс Верстапен и брзо му беше потенцирано дека тоа е скршено. Од ФИА пресудија дека тоа е опасно и тој мора да оди да го промени, а нешто такво му се случува по трет пат оваа сезона.

Неговиот тим не реагираше добро во слична ситуација во Унгарија и Магнусен го критикуваше последното покажување на знамето.

Не знам со кого имав контакт, но немав голема штета. Не знам зошто добив црно-портокаловото знаме, но мислам дека беше тотално непотребно. Немаше ништо со безбедноста. Не мрдаше туку беше само пукнато. Им објаснивме на ФИА дека ова е трет пат да ми го покажат знамето.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ