Макс демантира дека го сака Чеко надвор од Ред Бул

Макс Верстапен ги демантираше обвинувањата дека притиска за отстранување на Серхио Перез од Ре Бул.

Во Бразил излегоа на виделина несогласувањата во тимот и “шерифскиот“ однос на Верстапен кој одби тимска наредба да го пропушти мексиканецот, откако овој претходно му предаде позиција која требаше да ја добие назад.

Шпекулациите ги засили Антонио Перез, таткото на Серхио, кој изјави дека неговиот син притиска и сака да има еднаков статус со двократниот првак.

тој бара да има можност да победи на сите трки и да ги освои сите пол позиции. треба да има конкуренција помешу нив двајцата, не само едниот. за тимот е лошо ако не освојат 1-2 со толку силен пакет – посочи антонио перез.

Јавно, тимот и возачите демантираат дека постои било каков конфликт во Милтон Кинс и покрај тоа што ангажманот на Даниел Рикардо како трет возач во тимот може да каже многу. Кристијан Хорнер посочи дека работа на австралијанецот ќе биде да го промовира тимот и да одработува за спонзорите, а Чеко е оној кој ќе се трка, но тоа лесно може да се промени.

Германски Sport1 посочи дека 25-годишниот холанѓанец активно бара Перез да биде отстранет од екипата и на негово место да дојде Рикардо, но самиот возач го демантира тоа.

нашиот однос е добар, поточно, односот е како и секогаш, нормален.

Запрашан да појасни што тргнало наопаку во Бразил откако медиумите почнаа да шпекулираат дека со тоа Макс му вратил на Чеко за сударот од Монако кој смета дека бил намерен возачот објасни:

без разлика дали ќе објаснам, луѓето нема да сфатат. никој не знае што се лсучува зад сцената во тимот во текот на сезоната. луѓето мислам дека јас не сум тимски играч, но не е така, јас сум целосно отворен.

јас секогаш работам со мојот инженер на сетирање на болидот, а другата страна на гаражата вообичаено го превзема моето сетирање. тоа е тимска игра затоа што двата болиди треба да бидат силни. јас не се бунам за тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ