Макс заедно со својот инженер предложиле старт на хард

Макс Верстапен откри дека тој заедно со својот инженер предложиле стартување на Гранд При трката во Мајами со најтврдата компонента како дел од стратегијата која на крајот им донесе победа.

Двократниот првак возеше фантастично и по стартот од 9то место стигна до победа откако менаџираше фантастично со првиот сет гуми, за д потоа промени на медиум и биде силен на крајот од трката. Осврнувајќи се на настанот, тој посочи дека идејата за стратегијата ја предложиле на главниот стратег заедно со неговиот инженер, Џанперо Ламбиасе.

заедно со мојот инженер размислувавме за нешто такво уште во сабота и бевме голеи оптимисти. потоа ја дискутиравме стратегијата со тимот и стратезите и тие посочија дека во однос на времето за трка, почеток на медиум и почеток на хард се доста блиску.

секако дека ризикот со почеток на хард е поголем затоа што имавме само еден сет, така што ако се дупнеше или нешто слично, ќе бевме во проблем. но, здоволен сум што ризикувавме и тоа ни се исплатешен.

мислам дека дури и да одберевме спротивна стратегија, требаше многу да се менаџира со гумите, но мислам дека вака имавме многу подобра можност за победа и за напредок. до 14от круг веќе бев во позиција да освојам подиум, така што потоа возев во чист воздух и само се грижев за гумите – откри верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ