Макс за Мајами: Нема да биде лесно

Една недела по Азербејџанското Гранд При низ улиците на Баку, следува трка во Мајами околу познатиот Хард Рок стадион.

Макс Верстапен е свесен дека ќе има некои предивици за време на тркачкиот викенд кој претстои на втората трка во најголемиот град на Флорида. На трката број 5 од сезоната, холанѓанецот пристигнува како лдиер во шампионатот со 6 поени предност пред колегата Перез кој победи на двете трки минатиот викенд.

Верстапен победи на првото издание на трката во Мајами кое се случи лани, така што е нетрпелив да се врати на патеката и признава дека топлото време на Флорида може да биде голем предизвик.

нетрпелив сум за мајами, тоа беше многу физички тешка патека и беше многу топло кога минатата година бевме таму, така што бара добра подготовка. дефинитивно нема да биде лесно затоа што патеката е сложена, а добила и нов асфалт сезонава, така што треба да почекаме да видиме како ќе влијае над перформансите – вели макс.

Болидот на Ред Бул ќе има посебни шари за Гранд При викендот, дизајнирани од страна на фановите на претходно објавен конкурс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ