Макс искрено: Мерцедес ни е најголем конкурент, не Ферари

Актуелниот и двократен Формула 1 првак, Макс Верстапен, посочи дека е тешко да каже дали најголеми ривали во сезоната која следува ќе им бидат италијанците од Ферари или пак доскоро доминантниот Мерцедес.

Во однос на себе, тој пред новинарите посочи дека оди во сезоната без при тоа да се смета себе за фаворит.

никогаш не се гледам себе си а фаворит затоа што морам константн ода работам и да се подобруам, во спротивно конкуренцијата ќе ме мине – објасни верстапен за шпански El Mundo Deportivo.

Во Ферари имаше промена на шефовското место, беше отпуштен Матиа Биното и на негово место беше донесен Фредерик Васур, а Мерцедес ќе бидат ослабнати со шефот на стратегија, Џејмс Воулс, кој премина да го води Вилијамс.

тешко е да се каже од надвор дали промените во двете екипи се добра или лоша работа за нас, дали ќе им штети или ќе добијат од тоа не можам да кажам, но вообичаено кога доаѓаат нови луѓе потребно им е време. сепак, без оглед на се, мислам дека ќе бидат силни од самиот почеток.

ферари ќе бидат силни, но тешко е да се каже колу силни. на крајот на годината мерцедес открија нешто и станаа многу брзи, но не може да разбереме дали сетоа тоа во моментов е така.

сепак. мислам дека луис и мерцедес ќе бидат наши најголеми ривали, тие се одлична екипа, а тој е еден од најдобрите возачи во историјата на спортот и сигурно дека може да извлече се од болидот и повторно да се бориме.

но, исто таков е и џорџ расел и шарл леклер, потоа и ландо норис. ако на сите тие им дадете болид кој е способен да победува, ќе освојат титула.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ