Макс објасни зошто не ја копирале стратегијата на Ферари

Шарл Леклер освои пол позиција на Пол Рикари, но и самиот призна дека истата во многу се должи на повлекувањето од Карлос Саинз, така што логично се поставува прашањето зошто Ред Бул не ја копираа нивната стратегија.

Макс Верстапен по крајот на квалификациите откри дека ќе бил побрз од колегата од Ферари доколку тимот се решел за сличен пристап во Франција. По првата серија летечки кругови, Леклер имаше провизорна пол позиција, а неговиот круг беше за невидливи 8 илјадити делови од секундата побрз од оној на Верстапен. Во својот втор обид, повлекувањето на Саинз значеше дека кругот на Шарл е за цели 0,374 секунди побрз од оној на Ред Бул.

Ред Бул одбраа да не го жртвуваат Серхио Перез за Макс Верстапен, а шампионот посочи дека ако добиел слична помош од колегата, ќе ја украдел пол позицијата од Ферари.

ферари добија само 2-2,5 десетинки од слипстримот, тоа ми го кажа шарл и беше логично што го направија тоа – откри макс.

По првата серија кругови во последниот сегмент, мексиканецот беше на 3то место и беше безбеден од оние зад него, така што Ред Бул можеа да се обидат со слична стратегија, иако тоа секако ќе го чинеше обид за пол позиција. Верстапен не се противеше на одлукат да му се даде еднаква шанса на колегата затоа што тимот немаше луксуз каков што Ферари го имаа со Саинз.

јасно е дека двајцата сакавме да бидеме на пол позиција и затоа мислам дека жртвување на перез немаше смисла. ние немавме возач со казна на гридот.

по мене нашата стратегија беше логична, двајцата сеуште сме во борба за титула и тоа е објаснувањето. ферари си ја кројат самите стратегијата, но ние во тимот не ни размислуваме за нешто слично.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ