Макс “отворен“ на Ле Ман со татко му

Макс Верстапен е заинтересиран да се трка на 24 часа Ле Ман со татко му во не многу далечна иднина.

Согласно новите правила во серијата на издржливост, Астон Мартин со својот хипер автомобил по се изгледа ќе се вклучи во серијата со својот Валкири развиен во соработка со Ред Бул. Младиот холаѓнаец призна дека не е разговарано за вклучување на Ле Ман со Астон Мартин, но би сакал да добие можност на легендарната трка.

имам желба еден ден да се тркам на ле ман, но кога ќе се случи тоа навистина не знам. разговарам и со татко ми, треба да повежбам за таа трка затоа што ако се тркам на ле ман, сакам тоа да биде со татко ми – најави макс.

Јос Верстапен имаше две учества на Ле Ман, победи во ЛМП2 класата во 2008 година, а следната возеше во ЛМП1 класата со Лола и заврши на 13то место.

многу често гледам ле ман, а бев таму кога се тркаше татко ми. мислам дека е многу кул трка. тоа што ми се допаѓа е големиот број на автомобили во сите категории, многу соовбраќај, возење навечер, сметам дека тоа искуство е неверојатно. и самиот сум играл игри на ле ман, забавно е и навистина сакам да се тркам навечер.

Запрашан дали може да се трка на Ле Ман паралелно со своите Формула 1 обврски, Верстапен го посочи тримфот на Нико Хулкенберг со Порше во 2015 година, сметајќи дека тоа е возможно.

нема проблем ако нема преклопување на термините. го видовме нико хулкенберг како се тркаше и победи таму. јас секогаш одам на победа, но таму има и доза на сеќа, трката е луда и е многу долга и непредвидлива.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ