Макс откри што било клучно за победа во Мајами

Макс Верстапен посочи дека клучно било да остне надвор од проблеми и гужви на почетокот од трката за да може да стигне до победа на овогодинешното издани на Гранд При трката во Мајами.

Актуелниот првак тргна од 9то место по проблематичните квалификации ицрвеното знаме предизвикано од Шарл Леклер, но во 15от круг веќе беше единствено зад својот колега откако се реши за старт со тврди гуми и промена на медиум доцна во трката.

имав одлична трка, клучно беше да се остане надвор од било каков контакт на почетокот од трката затоа што беше густо околу, сите се обидуваа да надоместат позиции уште на стартот. го знаев тоа, а имав силен болид и штом се се среди, почнав да напредувам и да претекнувам еден по еден. таа тактика одлично се покажа, дури ги минав и магнусен и лекелр одеднаш на правецот што беше многу забавно – откри макс.

По промената на гуми, Серхио Перез беше на 21 круг понови пневматици од колегата, но и покрај тоа не успеваше да се доближи до него, за по промената на медиум, холанѓанецо да излезе веднаш зад мексиканецот.

имав одличен ритам и се грижев за гумите, а штом добив чист воздух пред себе, почнав да ги возам круговите кои беа наша цел. не бев сигурен кон средина на серијата уште колку кругови ќе може да извозам, но добро испадна. продолжив да притискам и бев среќен што толку долго издражв затоа што ќе имам свежи гуми за напаѓање на крајот од трката.

гумите беа подложени на деградација денеска, но и покрај тоа имав силен дуел со чеко, бевме слободни да се тркаме, имавме добар дуел, но најважно е што не се допревме и се беше чисто.

Триумфот на Макс од 9то место на гридот е прв таков по изданието на Ники Лауда во Франција во 1984 година. Лани Верстапен постави рекорд во однос на победи со старт од различни грид позиции вклучително и почетокот на трката од 10то место на Хунгароринг и 14та позиција во Белгија. Во однос на трпението кое треба да се има во првиот круг при старт од позадина, тој изјави:

бев во таква ситуација годинава на џеда и неколку пати лани, така што знам дека треба да бидам многу внимателен за да не го оштетам болидот, овој пат успеав.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ