Марко горд на соработката со Ферари во ДТМ

Доктор Хелмут Марко, Советникот за моторспорт на Ред Бул, застана во одбрана на соработката со Формула 1 ривалите од Ферари во германската ДТМ серија со цел да се промовираат кариерите на младите возачи.

Кога Алекс Албон беше отстранет од Ред Бул Формула 1 тимот на крајот од минатата година, тој беше вклучен во ДРМ проектот и возеи Ферари 488 со кој победи и освои пол позиција. Доктор Марко смета дека и покрај ривалството со Ферари во Формула 1, нивната соработка во ДТМ има голема смисла.

секако дека сме жестоки ривали во формула 1, но јасно е дека во дтм ни треба нешто извонредно, а во овој случај тоа е ферари. одлично сме едни со други затоа што негуваме слична филозофија, а проектот има голема смисла – смета марко.

Слично на нив, Ферари решија да го промовираат својот јуниор Калум Илот во друга тркачка серија. 22-годишниот британец ќе дебитира на Индикар со Шевролет следниот викенд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ