Марко: Доаѓањето на Макс беше пресврт за Рикардо

Доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт на Ред Бул, верува дека доаѓањето на Макс Верстапен во тимот било пресвртна точка за Даниел Рикардо и неговата иднина во Милтон Кинс.

Рикардо беше прв возач во Ред Бул откако Себастијан Фетел го напушти тимот и премина во Ферари. Даниил Квјат не се снајде како замена за Фетел и брзо беше заменет со Верстапен. Холанѓанецот уште на првата трка стигна до победа и веднаш се покажа дека е неверојатен талент.

Тој се покажа неверојатен талент со неверојатна контрола над болидот. Се сеќавам на првиот избор дека брзо ги стави работите под контрола.

Даниел влегува во болидот и веднаш е брз. Дури и пред да дојде во Ред Бул, тој можеше да го победи Фетел и дојде до три победи – потсети австриецот.

Според Марко, доаѓањето на Верстапен го забрзало заминувањето на Рикардо од тимот.

Макс дојде во клучен момент. Намесо да се избори, тој се реши да си замине. Секогаш беше добро да се работи со него. Неговата брзина е слична на Макс само му недостасува константност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ