Марко искрен: Саинз е брз, но не е Верстапен

Шефот на Ред Бул моторспорт, доктор Хелмут Марко, не жали што го ослободил Карлос Саинз од обврските кон компанијата велејќи дека шпанецот е многу брз но не е Верстапен.

Карлос е производ на Академијата за млади возачи на Ред Бул и ги мина сите јуниорски категории за да дебитира во Формула 1 во 2015 година во Торо Росо заедно со Верстапен. По три години во Фаенца мина во фабричката екипа на Рено од каде на почетокот на минатата сезона направи трансфер во Мекларен каде останува и сезонава.

Откако Пјер Гасли се покажа како лош избор за Ред Бул лани и на средина од сезоната беше заменет со Александер Албон, многуина сметаа дека во Милтон Кинс направиле грешка што се ослободиле од Саинз, но Марко не смета така.

карлос возеше против еден макс верстапен. изборот во 2016 година беше помеѓу нив двајцата и ние го промовиравме верстапен и потоа се е познато.

карлос е многу брз, во спротивно немаше воопшто да биде дел од нашиот тим, но и покрај тоа не е верстапен – смета марко.

“Коцкањето“ на Марко и фактот што му даде шанса на Макс менувајќи го Даниил Квјат по само четири трки во таа 2016 година се покажа како одличен потег затоа што холанѓанецот врати со победа на своето деби.

му помогнавме на карлос многу во неговата кариера и не моравме да се ослободиме од него. му помогнавме да мине во рено, а потоа и во мекларен.

имаме добар однос со нив, но во тој момент го имавме верстапен во тимот, а помеѓу нив двајца постои разлика – заклучи доктор марко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ