Марко: Карлос и Макс беа еднакви во Торо Росо

Доктор Хелмут Марко откри дека Карлос Саинз и Макс Верстапен биле еднакви додека возеле заедно во Торо Росо.

Двајцата млади возачи беа дел од јуниорскиот тим на Ред Бул во 2015 година, така што оставиле малку простор на Мако да одбере кого да промовира во сениорскиот тим. Холанѓанецот го доби местото на Даниил Квјат следната година и победи на својата прва трка а тимот од Милтон Кинс, додека шпанецот остана уште една година во Фаненца.

Доктор Марко потврди дека Ред Бул сакале да му дадат шанса и на младиот Карлос и поради тоа го пуштиле во друга екипа затоа што немале место во силен болид за него.

не го пративме саинз никаде и имавме многу добра причина за тоа, имавме договор со него од млади години. макс и саинз беа еднакви, така што ние немавме можност да му најдеме подобро место на карлос. тој не беше убеден во иднината на торо росо и сметаше дека не напредува чекајќи во та екипа. прво го позајмивме, а потоа и целосно му го раскинавме договорот и го пуштивме самиот да си ја одреди иднината – се присетува искусниот австриец.

Карлос потоа мина во фабричкиот тим на Рено, иако не блескаш таму, а следуваа Мекларен и Ферари со кои се искачи на подиум. Последните две години во Вокинг му беа одлично што беше доволна причина да го побараат од Маранело.

Хелмут и покрај тоа смета дека тимот направил вистински избор со промоцијата на Верстапен затоа што гтој им вратил со победа уште на првата трка.

во тоа време бевме многу силни, а во макс видовме исто така многу силен возач. поради тоа таа година го одбравме верстапен, а неговите резултати до сега ја орпавдуваат нашата одлука.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ