Марко незадоволен: Сметководителите ќе станат многу важни

Доктор Хелмут Марко, Советникот за моторспорт на Ред Бул, посочи дека сметководителите во иднина ќе станат многу важни за врвната моторспорт тркачка серија.

Секоја екипа е ограничена на 140 милиони долари буџет оваа сезона, иако овој изннос беше за “ситно“ подесен поради растечката инфлрација, а Марко призна дека финансиите се врвен фокус на најголемите екипи.

финансискиот модел е темелно проширен затоа што во минатото инженерите само кажуваа што им треба надвор од бизнис планот и потоа истото во ред бул во салзбург беше одобрувано. сега се работи за темелна соработка со финансиските аналитирачи за секој дел и се проценува колку точно ќе чини истото – откри доктор марко.

Австриецот посочи дека пари сепак може да се најдат откако сметководителите е најдат начин од каде може да се скрати во трошењето.

се работи за процес во кој учи фиа, а учиме и ние. се надевав дека формула 1 нема да се претвори во некакво првенство на сметководители.

Екипите со комплексни структури налик на онаа на Ред Бул, мораа да ротираат персонал помеѓу компаниите за да не дојде до отпуштање.

моравме да преместуваме луѓе од ред бул рејсинг во ред бул технолоџис. луѓето беа преместувани да работат на други задачи, имаме хиперкар проект, имаме америка куп, имаме проекти каде можеме да ги сместиме затоа што не сакаме да ги загубиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ