Марко не е убеден во брзината на Расел

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, не е убеден во брзината на Џорџ Расел и не е сигурен дека треба да се има толкави очекувања од него. 

По три години во Вилијамс, Расел доаѓа во Мерцедес како замена за Валтери Ботас и колега на Луис Хамилтон. Младиот британец има само еден подиум зад себе и тоа на речиси непочната трка во Белгија. Минатата година беше драстично подобар на квалификациите од својот колега Николас Латифи, но на трка беа слични. 

Сега треба да видиме како ќе извози Расел во Мерцедес и дали ќе ги оправда очекувањата. За квалификациите нема дискусија, тој е неверојатно брз, но на трка е друго. Сакам да видам колку е брз, доколку може да му парира на Хамилтон, тоа е предност за нас.

Иако ова ќе биде прва сезона за Расел во Мерцедес, сепак тој претходно возеше една трка за Мерцедес на Шакирското Гранд При во 2020 година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ