Марко објасни какво е влијанието на Макс над Перез

Доктор Хелмут Марко верува дека факторот Верстапен му помогнал на Серхио Перез да напредне оваа сезона.

Двајцата возачи оваа сезона покажаа речиси изедначени перформанси, посебно Перез одлично се покажа во Монако. Актуелниот првак имаше јасна предност на последните трки откако Перез се мачи со надградбите на болидот.

Доктор Марко смета дека само надградбите се факторот на разлика во перформансите.

Макс повеќе сака болид кој има преден дел кој “држи“. Доколку задниот дел не “држи“ тогаш не му е гајле. Секако задниот дел нема грип при 300 кмч.

тоа за Перез не е исто и тој изјавува дека болидот не се вози. На почетокот, нашиот болид имаше подуправување, Но сега е различно – посочи искусниот австриец.

Според Марко, промената на болидот се движи повеќе во насока на стилот на Верстапен.

Болидот му одговара повеќе на Макс и затоа се спомнува факторот Верстапен, Но сепак, тој е одличен возач и е важен за тимот. Перез и неговото заостанување е нормално и не е лесно да си колега на Макс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ