Марко очекува различна трка за Макс во Мелбурн

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, очекува да види различен Макс Верстапен на претсојното Австралиско Гранд При.

Актуелниот првак задоцни на трката во Саудиска Арабија поради стомачен вирус, така што немаше лесен виканд иако одработе одлично и стигна до 2ро место со старт од 15та позиција. Марко посочи дека неговиот пулен завршил на второ место со 80% од својата сила и најавува многу силен Верстапен во Мелбурн.

секако дека не беше 100% подготвен, но сега ќе даде се од себе за да ги максимизира перформансите, така што сигурен сум дека ќе видиме различен макс верстапен во австралија – вели доктор марко.

Макс фантастично се пробиваше низ поредокот се додека не дојде зад својот колега на кој не успеваше да му се приближи повеќе од 5 секунди за да добие можност да нападне. Но, не беше се така добор за тимот, затоа што двајцата возачи пријавија некои дефекти во вториот дел од трката, но за нивна среќа, се мина во најдобар ред.

Во однос на поенот за најбрз круг кој Макс го освои, а Чеко откри дека му било забрането да се обиде, Хелмут демантира.

тоа не е точно затоа што перез исто така напаѓаше за најбрз круг, но направи грешка и се откажа.

Токму тој дополнителен поен за најбрз круг го донесе холанѓанецот на водечкото место во шампионатот на возачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ