Маса: Нема зошто Макс да не освои 6 титули по ред

Поранешнито Ф1 возач, Фелипе Маса, смета дека нема причина зошто актуелниот првак, Макс Верстапен, да не освои шест шампионски наслови по ред.

Холанѓанецот ги освои последните две титули, првата, онаа во 2021 година на импресивен начин, а лани доминираше со 15 победи во текот на годината. Сезоната ја почна силно и годинава со победа во Бахреин и второ место по старт од 15то на саудиска Џеда

макс не греши, вози како робот, многу е зрел за неговите години, а двете титули го направија подобар и порелаксиран. тој стана шампион минатите две години и не гледам зошто да не биде и оваа. тој може да стигне до шест титули по ред затоа што освен тоа што не греши, совершено работи и неговата екипа.

таков беше и михаел шумахер, таков беше и луис хамилтон со мерцедес. условите се совршени за ера на доминација на ред бул – објасни бразилецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ