Мекларен размислува да се врати на Мерцедес

Трофејниот Формула 1 тим Мекларен од Вокинг размслува повторно да го промени својот добавувач на мотори и да се врати на Мерцедес, мотори кои долги години во минатото ги користеше.

Минатата недела Карлос Саинз изјави дека очекувал многу повеќе од подобрувањата на моторите на Рено и дека секоја следна спецификација била речиси идентична со претходната.

имаше три еволуции на моторот, но јас не почувствував разлика помеѓу нив – изјави карлос.

На последната трка во Белгија, Карлос Саинз и Ландо Норис имаа проблеми со моторите, шпанецот мина само неколку кругови во трка, што го поттикна повторно да го критикува францускиот производител.

ваквите ситуации се неприфатливи за нас и мораме да разговараме со рено околу тоа.

Неодамна во своја изјава, Андреас Сеидл, тимскиот шеф на Мекларен, ја откри ситуацијата која владее во екипата, а во врска со сабдувачите на мотори.

за 2020 година имаме договор со рено и така продолжуваме, но во 2021 година ќе видиме.

На шпанска Marca не и требаше многу пред да почне со шпекулации дека Мекларен ќе се врати во јатото на Мерцедес, превземајќи го местото на очајно слабиот Вилијамс.

сите сме во оваа ситуација заедно и треба темелно да анализираме што се случи. секако дека сме разочарани да имаме две откажувања вклучително и болид кој едвај почна трка, но рено даваат се од себе за колку што може подобри резултати сезонава.

разочарувачки е да имаме казни и откажувања, но важно е да имаме транспарентен однос за да ги надминеме и решиме овие проблеми. проблем не беше километражата на моторот или неговиот животен век, ништо такво.

Marca дополнува дека Мекларен нема опција повторно да побара мотори на Хонда затоа што јапонците имаат договор за кесклузвност со Ред Бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ