Мекларен се надеваат дека Мерцедес ќе го спасат моторот на Норис

Поради казната што се наближува, Мекларен се надеваат дека Мерцедес ќе може да ја спаси погонската единица на Ландо Норис која откажа во Австрија.

Норис немаше лесен период во пресрет на трката во Австрија, мораше да седи паркиран на поголемиот дел од првиот тренинг, што значи дека остана неподготвен за петочната квалификациска сесија. Младиот британец се квалификуваше на 15то место за саботната Спринт трка, но се искачи на 11то за неделната Гранд При. На трката на Ред Бул Ринг, Норис заврши седми, но постоеше загриженост за неговата погонска единица откако веќе искористи три оваа сезона.

Со цел да се избегне казна, Мекларен се надеваат дека снабдувачите со мотори Мерцедес ќе можат да ја спасат погонската единица која Норис ја користеше во првата сесија од викендот.

Енергетската единица што откажа од страната на Ландо во петокот беше сосема нова. Тоа беше негов трет мотор – изјави тимскиот шеф Андреас Сеидл.

Анализата сè уште е во тек од страна на Мерцедес во моментов и се надеваме дека тие се во позиција да ја вратат таа енергетска единица и повторно ќе бидеме добро.

Се разбира, не е идеално да мораме да се вратиме на старите мотори само затоа што губат малку моќ со поминатата километража. Но, во исто време, сепак ни овозможи да имаме солидна трка во Австрија.

И покрај тоа што немаше трка овој викенд, неделата беше напорна за Мекларен додека возачот Даниел Рикардо ја потврди својата посветеност на тимот за следната сезона. Тој се појави на Инстаграм за да потврди дека ќе остане барем до крајот на следната година и сè уште не планира да замине од спортот.

Посветен сум на Мекларен до крајот на следната година и не заминувам од спортот. Знам дека не беше секогаш лесно, но кој посакува да биде лесно.

Работам со тимот за да направам подобрувања и да го вратам болидот напред каде што му е местото. Сè уште го сакам ова повеќе од кога било. Се гледаме во Ле Кастелет.

Мекларен тргнува на трката за Големата Награда на Франција четврти во шампионатот за конструктори, додека Норис е седми, а Рикардо 12ти во пласманот за возачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ