Мекларен убедени дека Пиастри ќе вози за нив

Од Мекларен велат дека се убедени дека Оскар Пиастри ќе биде замената за Даниел Рикардо во нивната екипа и покрај несигурноста околу договорот на младиот австралиски возач.

Тимот од Вокинг и Даниел Рикардо во текот на вчерашниот ден потврдија дека ќе престанат да соработуваат на крајот од сезоната по разочарувачките две години на австралијанецот во тимот. Иако тој имаше уште една година за одработување, тимо сака промени со оглед на резултатите.

Ландо Норис има потпишано долгорочна соработка, а тимот го сака младиот и надежен актуелен Формула 2 шампион, Оскар Пиастри во своите редови. Но, Пиастри е штитеник на Алпин, така што се појавија проблеми околу неговите договорни обврски и валидноста на потпишаното. Алпин веруваат дека Оскар е нивни возач и веќе најавија дека ќе се трка за нив догодина, но и Мекларен сметат на неговите услуги во портокалновиот болид. Поради природата на ситуацијата, се чини дека спорот ќе заврши во ФИА односно телото надлежно за спорни договори.

Мекларен сеуште нема никаква официјална потврда околу Пиастри, но во своја последна изјава, Зек Браун стави јасно до знаење до каде е целата ситуција.

ние сме убедени во тоа што го планираме за во иднина, а официјална потврда ќе следи многу скоро. сакаме да се тркаме во белгија викендов, а за балансот во остатокот од сезоната сметавме дека е важно да го потврдиме прекинот на соработката софаинел.

со него имавме многу пријателски однос, иако јасно е дека резултатите не беа добри за никого и дојде до прекин на соработката, но кога ќе се потсетиме на моменти како победата на монца, лично највозбудлив момент за мене, тогаш сме задоволни. сметавме дека треба да бидеме фер кон даниел и да гопотврдиме нашиот план, а дополнителни потврди од наша страна ќе дојдат за кусо – посочи браун.

Тимскиот шеф Андреас Сеидл смета дека прерано да се разговара за ризикот што би следувал доколку се донесе дебитант како замена за Рикардо.

искрено, во моментов не сакам да правам никакви споредби, денеска е за даниел, потоа следува викендот во спа. продолжуваме понатаму, а и даниел сакаше да продолжи понатаму и да ја затвори оваа тема.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ