Мерцедес го објасни лошиот старт на Ботас во Унгарија

Мајк Елиот, идниот технички шеф на Мерцедес, ги објасни клучните причини за лошиот старт на Валтери Ботас во Унгарија.

Тој откри дека Валтери Ботас мислел дека ќе има доста повеќе грип на стартот и затоа назадувал на гридот. Финецот стартуваше од втора позиција, но по стартот беше престасан од Верстпен, Норис и Перез. Во обид да си ја врати позицијата тој удри во своите ривали. 

Треба да се размисли дека условите беа тешки. Кога се формира гридот почна повеќе да врне. Во формацискиот круг беше посуво, но пред самиот старт почна повеќе да врне И со тоа се промени нивото на грипот.

Возачите цел викенд го вежбаат стартот на суво, но различно е коа е мокро и со менување на грипот се менува целата ситуација со позицијата на спојката.

Во случајот на Валтери, тој мислеше дека има повеќе грип и пролизга повеќе на стартот. Подоцна се прецени во сопирањето кога почна повеќе да врне бидејќи ги блокираше предните гуми. Кога зборував по трката со Валтери, тој се извини и се чувствуваше виновен бидејќи ја уништи својата и трката на другите. Очигледно не сакаше тоа да се случи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ