Мерцедес го објасни проблематичниот старт на Хамилтон на спринтот

Џејмс Алисон го објасни проблемот на стартот на Луис Хамилтон на спринт квалификациите во Британија. 

Откако беше најдобар на квалификациите во Петок, Хамилтон стартуваше од првата позиција на спринотот, но поради бавниот старт, Макс Верстапен го превзема водството во првиот свиок. На главниот настан во Недела, Ботас беше тој со спориот старт. 

Алисон откри дека тоа биле два различни настана иако Мерцедес се познати по силните стартови. 

Во текот на викендот немавме лоши стартови. Луис на трката имаше одличен старт, но немавме нешто добар викенд во однос на стартовите. мислам дека бевме повеќе погодени од претходно.

Како екипа мислам дека сме еден од тимовите кои имаат најдобри стартови, но минатиот викенд разочаравме. Мислам дека е лесно да се објасни проблемот со стартот на Луис, Гумите беа прегреани на стартот и кога тој застана знаеше дека ќе стои подолго од другите додека се наместат на гридот. Тој ги загреа повеќе бидејќи ќе чека подолго и има доволно време тие да стигнат на работна температура. Но, помина повеќе време и тие се оладија и пролизгаа. Тоа е лошо чувство за возачот бидејќи болидот не забрзува како што е очекувано.

Кога се отпушта спојката болидот треба да скокне, но тој всушност остана во место. Луис ја погоди точката, но тркалата пролизгаа и немаше моментален одговор при што другите болиди помонаа околу него. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ