Мерцедес го поправиле проблемот со радиото по Бахреин

Мерцедес инсталирале нов софтвер на нивниот радио систем со цел да ги избегне проблемите по Шакир.

Тимот можеше да заврши со 1-2 победа, откако Џорџ Расел водеше во поголемиот дел од трката до 62от круг, но потоа влезе во бокс за време на безбедносното возило. Поради лоша комуникација, наводно, Расел ги доби пневматиците на Ботас, по што мораше да се врати во боксот повторно. Од Мерцедес изјавија дека проблем со радиото довел до целата мешаница.

Проблемот во боксот посочи кон проблем со радиото и веќе најдовме решение, од техничка страна и од начинот на кој функционираме, со цел да не се случи повторно – изјави Тото Волф.

По Шакир, Џејмс Ваулс, објасни дека и Расел и спортскиот директор на Мерцедес, Рон Медоус зборувале преку истиот канал во исто време што довело до доцнење на пораката од механичарите.

Радијата кои ги користат механичарите може да пренесуваат само еден извор во исто време, не е како конференциски повик каде сите разговараат во исто време. Кога Рон се обидел да пренесе до механичарите за двојното менување, Џорџ исто така зборувал преку радиото. За половина од луѓето на страната на Џорџ, тие само слушнаа тоа што Џорџ го зборувал.

Една мала грешка, програмирањето на радијата, а важниот повик од Рон Медоус доведе до мешаницата. Среќни сме што ова се случи сега, откако првенството е разрешено, не кога навистина се во прашање клучни поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ