Мерцедес го презентираше конкурентот за титулата

Бранителите на конструкторската титула Мерцедес го презентираа болидот со кој Хамилтон и Расел ќе се борат за титулата и ќе треба да ја одбранат конструкторската.

Мерцедес ги освои сите титули во хибридната ера и само еднаш ја загубија возачка титула минатата сезона.

Расел доби место во тимот откако го замени Валтери Ботас по три импресивни сезони во Вилијамс.

Болидот В13 ќе се појави на патеката во петок кога Мерцедес ќе користи ден за снимање на Силверстон.

Хамилтон и Расел ќе се поделат и ќе возат по 50 километри.

Болидот после патува за Барселона на тридневниот тест.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ