Мерцедес го пробува Батон во ДТМ?

Улрих Фриц, шефот на ДТМ програмата на Мерцедес, посочи дека е можно да го внесат Џенсон Батон во спортот следниот месец.

Џенсон е добра идеја, а беше и Формула 1 првак со мотор на Мерцедес – најави Фриц за TouringCarTimes.

Браун ја освои својата шампионска титула со Браун ГП, тимот кој подоцна беше купен од Мерцедес, а на крајот на 2016 година се откажа од тркачката серија. Британецот се тркаше на Ле Ман минатиот месец, а во Силверстон беше дел од тимот на Скај Ф1. Се очекува сезонава да ја комплетира јапонската Супер Формула серија.

Сите овие ангажмани му донесоа делумно празен Август кој Мерцедес сака да го искористи за Бренд Хеч.

Дефинитивно за нас опција не е Луис Хамилтон затоа што целосно е фокусиран и посветен на Формула 1 програмата. Во тој период исто така би бил на одмор – појасни Фриц.

Матиас Екстром беше гостин во гаражата на Ауди на почетокот од сезонава, додека Алекс Занарди ќе се трка за БМВ во Мисано. Освен Батон, кандидати за вајлд картата на Мерцедес се и ВРЦ првакот Себастиен Ожие, кој би сакал да влезе во ДТМ на претпоследната трка во Септември.

Рано е да потврдиме како ќе ја искористиме нашата вајлд карта сезонава. Имаме различни можности, а ќе ги објавиме кога ќе бидеме подготвени за тоа. Нема да коментираме никакви гласини и потврдувам дека дефиитивно не размислуваме за Фернандо Алонсо – заврши Фриц.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ