Мерцедес демантираат дека “паднале“ на краш тестот

Конструкторскиот првак Мерцедес ги отфрли гласините дека нивниот болид не го поминал задолжителниот краш тестот на ФИА. 

Тимот тврди дека тестот бил поминат пред неколку недели. 

Ја завршивме хомологацијата пред неколку недели – потврдија од бракли.

Формула 1 доаѓа во нова ера со нови технички правила и нови болиди кои имаат целосно нова аеродинамика. Џејмс Алисон кој е технички директор на тимот, предупредил неколку тимови дека грешно ги разбираат новите правила. 

Сите во тимот и во останатите тимови даваат се од себе да најдат дизајн или пристап кој ќе биде добар со новите правила. Сите работевме за да направиме нешто и да ја почнеме сезоната па подоцна да видиме како ќе продолжиме.

Болидите се нови и целосно различни, но имаше неколку од нив кои многу ги промашиле правилата. Би рекол дека сите имаме нешто што не сме го пресметале. Сега сакаме што побрзо да го завршиме болидот и да ја почнеме првата трка. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ