Мерцедес и Петронас ја продолжуваат соработката

Мерцедес објавија дека го продолжиле договорот со главниот спонзор, Петронас.

Новиот договор значи дека двете страни ќе продлжат да соработуваат и по 2026 година кога новите правила за моторите ќе стапат на сила. Петронас е главен спонзор на тимот од Бракли од 2010 година кога германеците решија да се вратат во спортот со фабричка екипа.

Партнерството помеѓу Мерцедес и Петронас е едно од најуспеѓните во историјата на спортот со осум последователни конструкторски титули од 2014 до 2021 година и седум последователни возачки наслови.

Петронас ќе го развива одржливото гориво за Мерцедес кое ќе се користи од 2026 година.

денеска правиме нешто невообичаено, објавуваме партнерство кое ќе почне за четири години. ова праќа важна порака дека нашата екипа и петронас не се само партнери туку се семејство и така ќе биде во годините кои следуваат.

Од 2026 година, напредните одржливи гориво ќе бидат срцето на формула 1 перформансите и ова ни дава фантастична можност да го покажеме нашето искуство во овој домен преку моторот на мерцедес и горивата на петронас.

возбудени сме што ќе се тркаме во иднина заедно со петронас со амбиција дека повторно ќе станеме репер за успех во спортот. нашите перформанси се пионери на транзицијата на глобалниот спортски тим во иднина без јаглеродни штетни гасови – посочи тото волф, првиот човек на формула 1 екипата.

Заедно со одржливите горива од 2026 година ќе има и големо зголемување на силата од електро моторите

веќе работиме на развојот на зелено биорафинирано гориво во нашите фабрики за одржливи производи како чиста и изводлива опција за авиони со цел да ја поддржиме авионската индустрија во сите нејзини потреби.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ