Мерцедес: Намаленото време во тунел ќе им штети на Ред Бул

Мерцедес веруваат дека намаленото време за тестирање кое Ред Бул ќе смее да го прави наредната сезона ќе биде клучно за тимот.

Како дел од казната за надминатиот буџет, Ред Бул доби и 10% намалување на времето во воздушен тунел. “Биковите“ требаше да добијат 70% или 224 обиди, Ферари 75% или 240 обиди додека Мерцедес 80% или 256 обиди. Со казната, сега Ред Бул ќе има 63% или 202 обиди што значи дека Мерцедес ќе има 27% повеќе време во воздушен тунел.

Мислам дека со тоа како се правени правилата, ќе имаме доста повеќе време во воздушниот тунел од нив. Тие се правени за тимови кои се поназад да имаат пвоеќе време за да ги стигнат останатите.

ред бул се брилијантна екипа. Тоа им дава дополнителна мотицација против Ферари. Се работи за мала разлика, но мислам дека бевме поблиску до Ферари во последниот дел од сезоната – велат од мерцедес.

“Сребрените стрели“ оваа сезона мораа да го паузираат развојот за да го решат проблемот со потскокнувањето. Откако се справија со тоа, почнаа да работат на развојот и доминираа во Бразил победувајќи на спринтот и главната трка.

Никогаш не сум сигурен. Сакаме да си ја вршиме работата како што треба. Се надевам дека ќе бидеме конкурентни. Ќе направиме се во наша моќ за да ги постигнеме целите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ