Мерцедес носи уште еден голем пакет надградби за Силверстон

И покрај тоа што донесе огромен пакет надградби во Монако, Тото Волф ветува нови надградби за Силверстон.

Мерцедес треба да добие нови надградби на W14 за Големата Награда на Британија, откри тимскиот шеф Тото Волф.

Откако го напуштија концептот со нулта странични подлоги во Монако, Мерцедес освоија второ и трето место во Шпанија и уште еден подиум за Луис Хамилтон во Канада, по што се искачија на второто место во поредокот за конструктори.

Надградбите во Монако никогаш не беа дизајнирани да го притиснат тимот да се бори со Ред Бул, наместо тоа идејата беше да им се даде платформа од која ќе можат да изградат и да ги стигнат лидерите, при што Волф потврди дека следниот чекор е голем пакет надградба во Силверстон.

Ние носиме поголем пакет надградба во Силверстон – потврди Волф.

Тогаш треба да имаме уште една трка пред Големата Награда на Белгија на крајот на Јули, пред летната пауза.

Знењето од податоците од болидот се забрзаа многу откако сменивме дел од концептуалната архитектура.

Треба да има пристојни чекори напред во следните четири трки и подобро ги разбираме симулациите, што е во корелација со она што го гледаме на патеката.

Тоа беше нашиот проблем во последните една и пол година, но гледаме добри перформанси кои доаѓаат од воздушниот тунел.

Подобро разбираме што му треба на болидот за да вози брзо, како треба да изгледаат поставките.

Чекорите сега стануваат се поголеми, а ние добро напредуваме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ