Мерцедес објаснија зошто не возат со “Црвено Прасе“ шарата во Белгија

Мерцедес објаснија зошто одбрале да не возат со шарата позната како “Црвено Прасе“ од нивни легендарен автомобил во чест на 55-годишнината од основањето на АМГ.

Викендов Мерцедес слави 55 години од појаувањето на познатиот спортски АМГ бренд односно нивна дивизија за спортски автомобили кои ги доработуваат нивните сериски возила, а брендот е дел и од официјалното име на Формула 1 екипата.

Најпознат период за за АМГ беше кога нивниот Мерцедес 300 СЕЛ 6,8 АМГ заврши на второ место во својата класа на 24 часа Спа во 1971 година. И покрај тоа што се работеше за огромно возило, лесно ја победи конкуренцијата и го доби ието “Црвено Прасе“.

За да ја прослават годишнината, Мерцедес создаде посебни шари, мешавина на актуелните сребрени боли и дел од препознатливата црвена на 300 СЕЛ АМГ во предниот дел. Шарата беше објавена на една шасија која беше изложена во фан зоната во Белгија и привлече големо внимание иако тимот одбра да не се трка со истата.

Мерцедес ја прославија својата 125-годишнина со специјална шара со бели бои на Германското Гранд При во 2019 година и тоа се покажа како очајно лош маркетиншки потег, така што тимо одбра повторно да не се “брука“.

имаме три последователни трки така што одбравме да ставиме само една налепнца затоа што имаме голем проблем со тежината. поради одбравме да оддадеме почит на начин кој најмалку ќе влијае на нашите перформанси – објасни тото волф, шефот на екипата.

Наместо пребојување на целиот болид, тимот одбра странично да постави големи бројки во бел круг, налик на она што Црвеното Прасе своевремено го имало.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ