Мерцедес пред голем предизвик поради ограниченото користење на воздушен тунел

Мајк Елиот, техничкиот шеф на Мерцедес, откри дека неговиот тим ќе биде пред голем предизвик годинава поради ограниченото користење на воздушен тунел.

Согласно правилата во спортот, најдобро пласираните екипи кај конструкторите имаат помалку време за работа во воздушниот тунел за развој споредено со најслабите, се со цел да им се дозволи на послабите да се развијат и да намалат дел од заостатокот.

Елиот очекува овогодинешните болиди да бидат слични по перформанси со ланските и покрај тоа што промената на правилата е огромна. Со толку голема промена на регулативата, Елиот посочи дека е многу тешко да се балансира со ограниченото време кое ќе го имаат на располагање со оглед на тоа што се работи за целосно нов дизајн на болид.

најголем предизвик во текот на зимата беше фактот што имавме помалку време во воздушниот тунел. тоа беше голем предизвик и се обидовме да го надминеме колку што може повеќе на начин што балансиравме колку ќе работиме на ланскиот, а колку на овогодинешниот болид.

сето тоа имаше големи последици во фабриката во однос на дизајнот кој го почнавме порано, оној на менувачот и шасијата, особено на менувачот кој долго време ќе остане непроменет.

штом почнеме да разбираме како работи аеродинамиката, ќе видиме како најдобро треба да изгледа остатокот од болидот и тогаш можеме детално да го средиме дизајнот.

таквиот пристап е исти секоја година, но големата промена на правилата ја отежнува работата за оваа сезона – посочи елиот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ