Мерцедес прими уште двајца јуниори

Мерцедес прими уште двајца нови јуниори во својата програма за млади возачи и сега има вкупно седум младинци во својот погон. 

“Сребрените“ оваа година го промовираа својот јуниор Џорџ Расел во својот фабрички тим откако помина три години во Вилијамс. Во Вторникот Мерцедес откри дека во својата јуниорска програма ги вклучува Картер Луна Флукса и Даниел Гинчард. Двајцата се приклучија на Антонели, Арон, Чуи, Пауел и Фредерик Вести. 

Вести е најстариот во јуниорскиот погон и оваа година ќе вози во Формула 2 за тимот Арт. Арон и Антонели ќе возат за Према во Регионалната Европска Формула и италијанската Формула 4 додека Гинчард ќе се трка со Аргенти во Гританската Ф4. Останатите возачи ќе се натпреваруваат во картинг категориите. 

Ова е дефинитивно посебна година со промовирањето на Џорџ кој беше наш јуниор уште од 2016 година. Луис е одличен спортист, а Расел ќе има одлична шанса да учи од него заедно со јуниорите кои ќе се угледаат на него.

Ова е посебно бидејќи вклучивме и жена во нашите редови. Му посакуваме добредојде и на Даниел кој беше одличен во картинг и сега ќе вози во Формула 4. 

Присутни сме во сите моторспорт категории, од картинг до формула 1 со млади талентирани возачи. Цело време работиме на нова генерација на спортисти во Формула 1 и сите други категории. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ