Мерцедес продолжува со контроверзното предно крило во Мексико

Мерцедес потврдија дека ќе воведат нова надградба на предните крила за време на Мексиканското Гранд При овој викенд, откако се одлучија да не го сторат тоа во Остин минатиот викенд.

Крилото, кое беше прикажано надвор од гаражата на тимовите за време на викендот во Соединетите Американски Држави, всушност никогаш не беше искористено. Се сметаше дека тоа е затоа што ривалските тимови навестија дека ќе протестираат против дизајнот, доколку Мерцедес навистина го искористи.

Сепак, главниот инженер на патека, Ендру Шовлин, потврди дека вистинската причина што не го користеле е затоа што имале само една достапно крило. Доколку возачот го оштетел за време на квалификациите, барајќи замена, тоа би значело стартување од боксот бидејќи замената мора да биде под Парк Ферме услови, односно со идентична спецификација.

Причината што не го возевме во Остин беше затоа што имавме само еден од тие делови, па ако го оштетевме за време на квалификациите, тоа ќе значеше дека болидот што ќе го оштетеше крилото ќе мораше да стартува од последниот ред – објасни Шовлин.

Исто така, со многу набиена програма, го имавме тестот на гумите во Т2 и всушност немавме време да го оцениме крилото.

Шовлин вели дека Мерцедес има намера да го користи крилото на тренинзи во Петок во Мексико и доколку се покаже успешно, ќе го користи на квалификациите и на трката.

Имаме повеќе од тие делови достапни во Мексико, ќе го тестираме во Петок, ќе провериме дали се работи како што се очекуваше и планот во оваа фаза е да се тркаме со тоа крило.

Контроверзноста околу крилото доаѓа од малите вертикални перки кои ги поврзуваат двата елементи (како што се гледа на илустрацијата подолу).

Овие ја користат сивата зона во правилата, дупка за која Мерцедес верува дека дозволува такви перки за аеродинамички цели. Ривалските тимови не се согласуваат и бараа објаснување.

Мислам дека првично треба да се има аргумент – рече техничкиот директор Мајк Елиот за дизајнот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ