Мерцедес се поблиску до напуштање на Формула Е

Реномираниот Autosport тврди дека Мерцедес бараат начин да ја напуштат електричната Формула Е тркачка серија кога новата Ген3 на болиди ќе биде воведена во спортот следната година, а официјална потврда за ова се очекува деновиве.

Мерцедес и претходно бараше од одговорните во серијата појаснување во врска со деталите во структурата на серијата во момент кога беше потпишан договор за развој на следната генерација болиди кои содржеа значителни измени во однос на актуелните болиди. Тото Волф за Autosport потврди дека е донесена одлука во врска со вклученоста на производителот во електричната тркачка серија од следната сезона откако се тркаат во Формула Е од 2019-2020 година како ХВА Рејслаб.

ако мерцедес сакаат да ја напуштат серијата, што не сме го потврдиле, тогаш треба да разработиме алтернативна стратегија. во спортот сме не само поради тоа што сакаме да возиме кругови и да се тркаме, туку како платформа за маркетинг промоција. поради тоа, како и со се што правиме, константно правиме проценки во врска со тоа дали користа за брендот мерцедес е доволна.

освен маркетиншната вредност која тркачката серија ни ја носи, има и технологија и трансфер на знаење на двата краја која оди рака под рака со маркетинг промоцијата. поради тоа се се проценува секојдневно и можеби сеуште серијата носи придонес за нашиот бренд.

доколку донесеме одлука да ја напуштиме серијата, тоа нема да биде затоа што не ни се допаѓа истата затоа што не е така, ни се допаѓа, но едноставно анализите не ни носат доволна корист – откри тото.

Мерцедес веќе официјално открија дека од 2025 година самите ќе произведуваат целосно електрични патнички автомобили, а шпекулациите велат дека Бордот на Даимлер веќе донел одлука да се напушти серијата. Волф откри дека и челниците на серијата го знаат нивниот став, но не негираше и можност тој како приватен сопственик на тим да влета во серијата со своја постава.

имаме екипа која е целосно фнкционална и конкурентна поради што можеме да се гордееме. исто така имаме и одредено ниво на одговорност кон тимот и серијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ