Мерцедес срамежливо најавуваат уште новини на болидот

Силверстон требаше да биде последна трка каде шампионскиот Мерцедес ќе носи нови делови на овогодинешниот В12 болид, но од Бракли срамежливо најавуваат уште подобрувања во борбата за овогодинешниот наслов.

По трката во Австрија, Тото Волф откри дека прекинат е развојот на болидот, а потоа Џејмс Алисон најави нови делови во Силверстон, но тоа биле елови кои претходно биле развиени, единствено се чекало финиширање на производниот процес за нив. Развојот им се исплатеше затоа што Хамилтон победи на квалификациите, беше на второ место на спринт трката, а победи на гланвиот настан со Валтери Ботас на 3то место.

Запрашан дали новините го донеле посакуваниот ефект, Џејмс Алисон, техничкиот шеф на Мерцедес иајзави:

ќе кажам да, затоа што тоа е едноставен, точен и кус одговор. донесовме доста подобрувања на аеродинамиката на патеката и дефинитивно како резултат на тоа имаме подобрени перформанси поради што сме задоволни.

дали подобрувањето е поголемо или помало одошто очекувавме е тешко да се каже затоа што немаме толку простор за да работиме контролиран експеримент. не можеме паралелно да го возиме стартиот и новиот пакет со исти гуми, затоа што викендот беше густ и тоа беше невозможно.

како и да е, можевме да направиме некакви споредби преку мерењата со сензорите и тоа го споредивме со претходниот викенд и претходните трки. се чин дека одиме во добра насока, а тоа се гледа и од часовникот затоа што релативно во однос на конкуренцијата сме понапред. се доближивме до ред бул и имавме посилен викенд како резултат на тоа – објасни алисон.

Инженерот потврди дека новинтеи од Силверстон биле последни големи новини на болидот пред фокусирање на следната сезона и новиот болид, но клучен дел од неговата изјава е зборот “големи“ затоа што имале уште некои ситници кои ќе бидат дополнително користени.

ќе има уште некои ситници, но големиот дел од развоната програма беше претставен на последната трка и тоа е крај на развојот на в12 пакетот. подобрувања ситни секако ќе има, но не очекуваме дека тоа е ни донесе некои крупни перформанси и не направиме разлика во однос на поредокот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ