Мерцедес ќе го претвораат Бракли во кампус налик на Силиконската долина

Мерцедес ги објавија своите амбициозни планови да го претворат своето седишт во Бракли во технолошко чудо, современ кампус со многу паркови и зеленило, налик на Силиконската долина.

Плановите бараат инвестиција од 70 милиони фунти од страна на “сребрените стрели“ во инфраструкура и персонал, изградба на објекти, места за релаксација и ресториани, се со цел да се подобри работната околина и атмосфера. Иако проектот е во развојна фаза, целта е да се зголеми способноста на седиштето на тимот, а завршница на проектот се очекува на кајот од 2025 година.

бракли е изграден за 350 луѓе, а денеска ние сме 1.250 луѓе таму. развојот на кампусот минатите пет години се прави со неверојатна брзина и тоа во моментов изгледа кај ултра модерно здание. но, планираме да го прошириме кампусот со нови објекти, да создадеме модерна околина со големи зелени зони за одмор, ресторани, најмодерни сали за вежбање, нова зграда за маркетинг одделот, а сите автомобили ќе останат надвор.

сакаме да создадеме мало градче со сите неопходни работи кои луѓето ќе може да ги користат, буквално како во Силиконската долина – објасни шефот на тимот, тото волф.

Од тимот сметаат дека клучен фактор за долгорочен успех во спортот е инвестирање во луѓе и средината во која тие работат. За годинава сите вработени во тимот добиле 10% покачување на платата поради зголемената инфлација во Велика Британија, така што следно е инвестирање во инфраструктура.

се што правиме го правиме за нашите луѓе, а не за некаква архитектонска награда. се е во духот на подобр афункционалност, поубаво чувство на нашите вработени и подобро место за работа.

Формула 1 тимот во моментов работи на 30 ралични проекти за подобрување на инфраструктурата и потршиле над 40 милиони фунти, а дополниетлни 30 милиони фунти треба да се потрошат во следните фази.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ