Монтоја: Верстапен немаше намера да помине чисто

Хуан Пабло Монтоја верува дека Макс Верстапен намерно возал широко во неговиот инцидент во свиокот број 4 со ривалот за титулата во Формула 1, Луис Хамилтон и ги доведе во прашање недоследностите од ФИА.

Стјуардите на ФИА ќе слушнат нови докази за инцидентот меѓу Верстапен и Хамилтон во 48-от круг и кривината 4 за да проценат дали треба да се истражи откако контроверзниот судир не беше под истрага од стјуардите за време на Големата Награда на Бразил.

Мерцедес побара право да се разгледа инцидентот одново откако на виделина излегоа нови докази, првенствено снимката од камерата во предниот дел од Ф1 болидот на Верстапен, објавена во вторникот по трката.

Со оглед на судирите од висок профил меѓу ривалите за титулата во Формула 1 во текот на оваа сезона, Мерцедес беше изненаден што инцидентот не беше оценет достоен за истрага, а директорот на трката на ФИА, Мајкл Маси, откри по трката, дека снимката на Верстапен не била проверена пред да ја исклучи можноста за истрага.

Веднаш по трката, Верстапен рече дека неговите истрошени гуми биле причината поради која возел широко на свиокот 4. Монтоја почувствувал дека Верстапен ги зема предвид импликациите од борбата за титулата во Формула 1, знаејќи дека Хамилтон треба да заврши пред него за да ги зајакне своите шампионски надежи и дека неможел да го помине кривината сопирајќи толку доцна кога се бореше со Хамилтон.

Мое искрено мислење, начинот на кој мислам дека Макс гледа на тоа е ако тие се откажат, тој добива поени. Се додека Луис не заврши пред него, тој е во подобра ситуација за шампионатот.

Луис беше покрај него и го помина во зоната за сопирање. Немаше шанси да го изведе свиокот со толку касно сопирање. Мислам дека немаше голема намера да го помине свиокот коректно.

Немам ништо против Макс. Навистина ми се допаѓаат Макс и Ред Бул и тие направија неверојатна работа за да ја донесат борбата до Мерцедес, Но мислам дека тие се изненадени од тоа колку добар Мерцедес беше.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ