Монтоја: Саинз ќе го мачи Леклер годинава

Седумкратниот победник на Гранд При трки, колумбиецот Хуан Пабло Монтоја, верува дека доминацијата на Макс Верстапен над Шарл Леклер ќе прдолжи и годинава, но посочи и дека Карлос Саинз може да се вклучи во нивната битка за наслов.

Леклер имаше жестока борба со холанѓанецот на почетокот од минатата сезона пред стратешки грешки, возачки грешки и проблеми со болидот да ги оддалечат Ферари од надежта за титула.

шарл е многу добар, но макс има многу повеќе искуство, а тоа значи многу повеќе победи, две титули до сега и поради тоа има далеку помал притисок над себе. поради сето тоа ќе му биде полесно да освои титула пред шарл затоа што леклер ќе оди по својот првнаслов – анализира монтоја.

Во текот на минатата година, Леклер имаше привилегија во Ферари и освои 62 поени повеќе од својот колега на крајот на сезоната, редовно победувајќи го на квалификациите. Но, Хуан Пабло смета дека Карлос има капацитет да го вознемири и намачи моначанецот годинава.

да бидам искрен, ако на карлос му е удобно во болидот, може да заврши фантастична работа. ако го погледнеме претходниот болид, не ланскиот, туку оној од 2021 година кон крајот на сезоната, карлос редовно го победуваше шарл. се зависи од тоа колку удобно се чувствува возачот во болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ