Монтоја со своја прогноза за вториот дел од сезоната

Хуан Пабло Монтоја верува дека Мерцедес би можел да победи на трки во втората половина од сезоната, изразувајќи интерес во гласините за голема, голема надградба од тимот од Брекли.

Говорејќи во интервју за VegasInsider, Монтоја, кој патем возеше за Вилијамс, а подоцна и за Мекларен помеѓу 2001 и 2006 година, смета дека Мерцедес може да победат затоа што останале со својот радикален концепт на болидот наместо да ги копираат своите ривали.

Гласините се дека Мерцедес има голема, голема надградба за нивните болиди. Ако е така, знаете што ќе се случи – рече Монтоја.

Тоа е нешто што е навистина кул да се види од Мерцедес, дека тие останаа со својот концепт на болидот.

Сите погледнаа што направија Ред Бул и начинот на размислување за болидот кај Ферари. Мерцедес остана со својата насока за болидот и тоа е многу интересно.

И покрај импресивното враќање од Макс Верстапен за време на Унгарското Гранд При од 10то место до победа, Монтоја смета дека Ред Бул не треба да го земаат здраво за готово нивното темпо на патеката.

Ред Бул не можат да бидат задоволни со тоа колку добро возат сега и како работите постојано се вртат по нивниот пат.

Гледајте ја последната трка во Будимпешта, тие стартуваа 10ти и никој не мислеше дека ќе победат на трката.

Ферари се тркаше за да се одбрани од Мерцедес и кога сфатија што се случи, видоа како повторно Ред Бул ги порази. Tие само се ставаат во лоши ситуации.

И покрај тоа што Шарл Леклер до сега оваа сезона освои седум пол позиции, тој само во два наврати ги претвори во победа на трка. Слично на тоа, Карлос Саинз има само една победа во Силверстон.

Монтоја верува дека иако Ферари го произведоа еден од најбрзите болиди оваа година, тие не го користат нивното темпо на патеката во своја полза.

Ферари го смисли најбрзиот болид и навистина не го користеа толку добро. Мора да кажете дека направија многу грешки и сите се прашуваат дали ќе го променат концептот, дали е се уште брз – се замисли Монтоја.

Ако разберат и сфатат што треба да направат и имаат малку подобри стратегии, тогаш можат да победат на многу трки.

Гледате во Монако, ја гледате последната трка во Унгарија, а има уште толку трки додека цело време коментирате како испуштаат од раце толку победи …

Според мене, како да се плашат од донесување одлуки. Тоа е она што навистина ги повредува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ