Монтоја: Убаво е да се види агресивен Хамилтон

Поранешниот Формуа 1 возач, Хуан Пабло Монтоја, е среќен што го гледа како Макс Верстапен ја откри агресивната страна на Луис Хамилтон. 

Оваа сезона двајцата жестоко се борат за насловот и се заврши на првиот круг во Британија кога двајцата имаа контакт по кој Верстапен сио голема брзина излета.  За Монтоја, тоа било тркачки инцидент за кој Верстапен требало да остави повеќе простор и да го избегне инцидентот. 

За мене тоа е тркачки инцидент. Луис го пропушти тротоарот и забави пред да сврти, но веќе беше пребрз и отиде пошироко. Макс не му остави простор.

Тој влезе остро и секогаш мора да се остави простор. Макс е агресивен и тоа е нормално бидејќи напаѓа побрз болид, Но сега работите се сменети, Макс е во брзиот болид, а Луис е агресивен. Мислам дека Луис беше побрз и беше покрај него мислејќи дека Макс ќе се откаже. 

Монтоја смета дека Хамилтон ќе излезе посилен по оваа броба. 

МИслам дека Луис ќе биде уште посилен бидејќи тој заостанува зад Макс и Ред Бул имаат посилен болид. Макс е во позиција каде мора да внимава на поени и треба да победува. Тој треа да биде паметен и да внимава и да го победува со добра стратегија. 

Хорнер и Марко беа лути на Хамилтон додека Тото Волф долеа масло на огнот со влегување кај стујардите. За Монтоја ова се интересни работи судејќи по приодот на Ред Бул. 

Ќе биде интересно да се гледа како ќе се справи тимот. Дали ќе бидат попаметни и ќе освојуваат поени. Луис покажа дека ќе ризикува за да дојде до титулата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ