О’Вард од Академијата на Ред Бул во Индикар со Мекларен

Мексиканецот Патрицио О’Вард ги подгреа шпекулациите дека може да премине во Мекларен Индикар тимот за следната година откако ја прекина својата соработка со Академијата на Ред Бул.

Во Петок, Ред Бул моторспорт открија дека нивниот јуниорски возач Патрицио О’Вард ќе биде заменет од Јури Випс во Мјуген Супер Формула екипата каде возеше. Мексиканецот појасни дека ен се работи за несогласувања со тмот, туку мора да се земе во предвид “големата слика“.

моето ослободување од обврсктие во ред бул требаше да биде во ноември, но доктор хелмут марко се јави и ми кажа дека имам можности во индикар, тоа е одлично тоа е мојата иднина и треба да го искористам.

навистина го ценам тоа што на тој начин се грижеше за мене, ми покажа каков човек е и зошто е толку успешен. имам огромна почит за сите во тимот, тие се грижат за мојата иднина, а тоа многу ми значи. работите не се одвиваа како што посакуваа, но тој се грижеше за мојата иднина и тоа е фантастично – изјави о’вард.

О’Вард откри дека намалувањето на поените кои се доделуваат на суперлиценцата со осојување на Инди Лајтс серијата, го натерло да размисли за неговата иднина и потребното за да се стигне до Формула 1.

фиа буквално не фрли под автобус. дознам дека тркањето не е секогаш убав спорт, но благодарен сум на ред бул за можноста. одам некаде каде можам добро да заработам, а формула 2 не беше такво место. ако не успеам да стигнам до формула 1, тогаш индикар е мојот избор.

Индикар дебито на Патрицио е во 2018 година на последната трка од сезоната со Хардинг Рејсинг, а годинава учествуваше на седум трки за Карлин и најдобар пласман од 8мо место на КОТА, каде се вози и Формула 1 трката. Неговата одлука да замине од Академијата на Мекларен може да значи дека силно верува оти ќе добие шанса во Мекларен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ