Останување во Ферари ќе ја уништеше репутацијата на Фетел, смета Алези

Поранешниот возач на Ферари, французинот Жан Алези, тврди дека Себастијан Фетел направил добро што го напуштил тимот од Маранело. Тој смета дека секоја соработка има свој природен крај.

себастијан дојде како светски првак и ја имаше цела екипа зад себе, но не победи затоа што во овој спорт често ви треба и среќа. не заборавајте дека кога шумахер дојде во ферари тој го донесе целиот менаџмент на бенерон со себе и му требаа дури пет години за да освои титула.

фетел пристигна во тимот само со кацигата, тркачка опрема и своето искуство и тоа не се покажа добро поради што мораше да замине. во спротивно неговата репутација ќе беше уништена затоа што тој заслужува повеќе титули – објасни алези за италијанска La Gazzetta dello Sport.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ