Палмер: Ред Бул најмногу криеше на тестот

Поранешниот Формула 1 возач, Џулион Палмер, верува дека Ред Бул скриле многу за време на првиот тридневен тест во Браселона. 

Во текот на трите денови во Барселона, Ред Бул изврте 358 кругови на Каталуња и беа четврти по бројот на кругови. Доктор Хелмут Марко, Советникот за моторспорт, изјави дека тимот има многу работа пред првата трка и според него болидот е претежок. 

Се чини дека километражата беше главен приоритет на Ред Бул иако Макс се чинеше дека вози тежок, но стабилен болид.

Брзината не им беше приоритет ,но сепак покажаа дека се близу до Мерцедес кој беше на побрзи гуми.
Перез имаше проблем со менувачот, но подоцна се беше во ред. сепак, мислам дека не покажаа ништо специјално и криеја доста. Ќе вреди да се гледаат во Бахреин – смета палмер.

Џулион даде свое мислење и за другите тимови. 

Мерцедес немаа сериозни механички проблеми и тоа беше клучно за нив. Расел беше одличен и конкурентен на Хамилтон. Тоа е добар старт за шампионскиот тим, но мислам дека ќе донесат надградби во Бахреин.

Иновативниот дизајн на Ферари изгледа како ризик, но се чини дека беа добри. Леклер и Саинз беа задоволни со болидот и се чини дека ќе се вмешаат во трката за врвот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ