Парите не се мотив за Хамилтон во преговорите со Мерцедес

Луис Хамилтон моментално е без договор за 2024 година, а некои сугерираат дека неговата иднина зависи од тоа дали Мерцедес ќе испорача конкурентен болид.

Водителот на Скај Спортс Ф1, Сајмон Лазенби, верува дека токму успехот го мотивира Луис Хамилтон да продолжи да се трка во Формула 1, при што секако не станува збор за огромната плата што ја добива за возење. Во огромното мнозинство од неговата кариера на врвот на мотоспортот, Хамилтон беше еден од највисоко платените возачи во спортот и ова е веројатно заслужено, со оглед на тоа што освои седум светски титули и 103 победи.

38 годишниот во моментов е вториот најплатен возач во спортот зад ривалот од 2021 година, Макс Верстапен, кој моментално е заштитнто лице на Ф1. Хамилтон продолжува да заработува неверојатна сума и покрај неговата разочарувачка сезона во 2022 година, каде за прв пат во кариерата не успеа да оствари ниту победа ниту пол позиција.

Неговиот договор всушност истекува со Мерцедес оваа година, а некои веруваат дека тој чека да види дали германците можат да променат уште еден разочарувачки болид.

Мерцедес помина низ тешка трка во Бахреин, при што тимскиот шеф Тото Волф ја опиша како најлошиот ден во трките. Хамилтон ја отфрли идејата дека чека Мерцедес да се подобри пред да потпише нов договор, а Лазенби исто така верува дека парите сигурно не се проблем.

Мислам дека Луис никогаш не би ги поставил тие барања, не мислам дека парите го мотивираат – изјави Лазенби.

Мислам дека тоа е успех и мислам дека тој ќе остане се додека чувствува дека е во најдобра позиција да го освои осмиот светски шампионат.

Мислам дека е толку едноставно, тој не е воден од победи на трки, тој е воден од шампионатите сега и тоа ќе ја диктира неговата долговечност. Мислам дека пензионирањето всушност не е неизбежно.

На Лазенби му беш поставено прашање дали вредноста на Хамилтон всушност се намалува поради подемот на тимскиот колега Џорџ Расел, кој стана само третиот колега на ветеранот што го поразил во првенството, што се случи минатата година. Расел беше неверојатно добар минатата сезона и без сомнение е иднината на Мерцедес, но сепак, Лазенби не верува дека ова ќе има никакво влијание врз вредноста на Хамилтон за екипата.

Не, мислам дека нема да дојде до тоа – рече Лазенби.

Мислам дека не можете да ја потцените вредноста на маркетиншкиот потенцијал на Луис за бренд како Мерцедес. Мислам дека затоа тој вреди многу повеќе од Џорџ во оваа фаза од кариерата на Џорџ.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ