Перез за Сингапур: Мојата најдобра Ф1 трка

Серхио Перез го опиша својот настап на Големата Награда на Сингапур како најдобра трка во неговата Формула 1 кариера, откако ја контролираше трката за својата четврта победа во кариерата.

Перез го зграпчи водството од возачот на пол позицијата, Шарл Леклер до свиокот број 1 и го држеше возачот од Монако зад себе во текот на скратената влажно / сува трка од 59 круга. Тоа беше прв пат во неговата кариера, Перез да води во секој круг од трката при што го забележа својот втор триумф сезонава, откако забележа победа во Монако.

Мислам дека беше најдоброто од мене, Мојот најдобар настап затоа што целосно Ја контролирав трката.

Оваа победа е навистина посебна за мене, затоа што не бев добар во последните неколку трки. Очигледно медиумите во Формула 1 ја прават работата многу поголема, можеби затоа што сум само мексиканец и ако не сум две трки по ред на подиумот, тогаш имам најлоша сезона досега и Ред Бул треба да ме отпушти мене и сите тие работи што може да ги слушнеме.

Едноставно е убаво да се добие таа победа и тоа е потсетник за тоа колку сум добар, Но секогаш е добро да можеш да одработиш вакви трки. Треба да продолжиме да работиме навистина напорно.

Перез продолжи да ги опишува предизвиците со кои се соочил во текот на трката.

Беше важно да се осигураме дека гумите ќе траат. Искрено, очекував патеката да се исуши порано отколку што тоа се случи. Ако не беше Џорџ Расел, ќе имаше многу повеќе луѓе кои ќе променеа на мазни гуми порано.

Мислам дека клучот на трката беше да го контролираме темпото на интермедиа гумите, да имаме добро темпо кога ни е потребно, а второто беше да преживееме на почетокот, бидејќи бевме во екстремно лоши услови.

Мислам дека понекогаш кога луѓето ве гледаат, потценуваат колку е тешко и колку ни е лесно да направиме грешка.

Во суштина, возевме на неколку места каде што беше соодветно влажно и беше многу незгодно да се направи грешка. Имав многу моменти, па пред се, навистина сум среќен што ја завршив трката. второ, што победив. Тоа е многу посебно чувство.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ