Перез со подршка за Верстапен: Тие се лоши губитници

Серхио Перез тргна во одбрана на својот колега, Макс Верстапен, по критиките за Ред Бул околу надминатиот буџет. 

Откако беше објавено дека тимот го надминал максимално дозволениот буџетот, почна да се зборува за тоа дека Верстапен имал не фер предност минатата сезона кога ја освои титулата во послендиот круг од последната трка. Според Перез ова целосно не е фер за холанѓанецот и освојувањето на неговиот прв наслов.. 

Доколку ги погледнеме фактите, Макс не ја освои титулата поради тоа. Тимовите сакаат да имаат предност и да го фрлат Ред Бул во лошо светло. Тоа покажува дека се лоши губитници – смета чеко.

Тед Кравиц излезе со обвинување за Верстапен дека му ја украл титулата на Хамилтон, а подоцна имаше коментар и за втората титула поради што беше бојкотиран од Ред Бул еден викенд. Перез го поддржа бојкотот и верува дека тимот мора да ги едуцира фановите на социјалните медиуми.

Мора да сме претпазливи што ќе кажеме пред медиумите. Начинот на кој се презентираат вестите може да е лош или нормален. Мора да се намали интензитетот на вестите. Социјалните медиуми се токсични и мислам дека беа лоши за Макс и Ред Бул. Не разбирам зошто зборуваат лошо. Луис е еден од најпопуларните возачи. Не беше убава реакцијата на мексиканците и Мора да се почитуваат вредностите на спортот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ