Персонал од Ред Бул е клучот за ослободувањето на Мекиес

Предвременото пуштање на Лорен Мекиес од Ферари зависи од тоа дали Скудерија ќе успее да донесе персонал од Ред Бул. 

АлфаТаури објавија дека Мекиес ќе го замени Франц Тост на чело на тимот, но сеуште нема датум за премин бидејќи французинот има договор со Ферари. Тимот од Маранело не сака да го блокираат преминувањето, но Васур изјави дека не му се допаѓа најавата на АлфаТаури. 

Според медиумите, сеуште има разговори помеѓу Ред Бул и Ферари и клучно ќе биде дали Ред Бул ќе пушти свој персонал да премине во Ферари во замена за предвремено пуштање на Мекиес во АлфаТаури. Од Ферари сеуште нема коментар, но Волф од Мерцедес смета дека французинот е спремен на жестоки преговори околу овој проблем. 

Фред мора да го спреми својот тим и да донесе вистински одлуки. Не може да се спречи премин. Фред не е било кој и знае што сака. Мислам дека беше лошо тоа што се искомуницира така. Затоа Фред го сака најдоброто за Ферари. Тоа значи дека нема да штеди ништо. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ